Friday, August 04, 2006

ббблогови

Блогерај?

Не, благодарам.

Thursday, August 03, 2006

Јаготка



Првите јагоди во Европа се донесени од Чиле во 1715 година и од тоагаш по до денес одгледувачите на јагоди развиле стотина различни видови кои се разликуваат според вкусот, мирисот, големината и изгледот.


и блогот Јаготка има многу убав изглед :)
те интересира повеќе за јагодите?
кликај на блогот за јагоди

јаготка
http://www.jagodi.blogspot.com

Wednesday, August 02, 2006

Илинденски

МАКЕДОНИЈА – АНТЕ ПОПОВСКИ

Еве ја таа проста земја
од дволичен камен
и сонце
Децата уште незаодени каде откопуваат
лобањи по градините
Еве ја таа проста земја
од пајажина
и од води
Мудро слободата кај што ги запишува
селските имиња
Место икони по црквите
И каде летото како судбина
Трае до последниот востанат
Еве ја таа проста земја
од заморено дишење
и од молк
Низ која времето одминува
и пак се враќа
Со неа да го сподели лажното траење.
О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
А никој не ја знае.

This page is powered by Blogger. Isn't yours?